Лука Дончиќ ги изгуби нервите против ЛА Клиперси.
Словенечкиот кошаркар се изнервира поради еден промашен обид за три поени со звукот на сирената и својот бес го „истури“ на дресот. Неговата екипа изминатата ноќ се сретна со Лос Анџелес Клиперси на крајот запишаа победа од 106:98.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Дончиќ во натпреварот против Клиперси уфрли 17 поени и запиша седум асистенции и шест скокови. Пред него беше Харисон Барнс со 20 поени. Во тимот на Клиперси најефикасен беше Беверли со 16 поени.
Во продолжение погледнете го моментот кога Дончиќ го искина својот дрес.
Во останатите три натпревари Торонто славеше против Сакраменто со 120:105, Оклагома на свој паркет беше подобра од Портланд со 123:114, додека на гостински терен Миестоа триумфираше против Феникс со 91:118.