На изненадување на целата поширока јавност Лука Дончиќ не доби место ниту во резервите за „Ол-Стар“ натпреварот.
НБА ги објави резервните играчи кои беа избрани од страна на тренерите и Дончиќ не се најде помеу нив.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е огромно изненадување и во спортската јавност преовладува мислењето дека Дончиќ е ограбен.
Во медиумите се огласи и Словенецот.
„Навистина бев возбуден што моето име се споменуваше за „Ол-Стар“ натпреварот. За жал тоа не се случи. Се надевам ќе добијам шанса наредната година. Веројатно гласовите од фановите не беа многу земени во предвид. Среќен сум што толку многу луѓе сакаа да ме видат таму. Поддршката од фановите е најважната работа за мене“, изјави Дончиќ.