Дома Фудбал Италија Донарума става потпис на договор вреден 30 милиони евра!

Донарума става потпис на договор вреден 30 милиони евра!

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.

Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па ова лето мора да биде решена иднината на младиот голман – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а двете страни се блиску до договор.

Имено, Донарума наскоро ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност кон „росонерите“ до 2025 година. Голманот годишно ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Милан успеа да го убеди неговиот агент Раиола во договорот на Донарума да нема откупна клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси ги истакна петте репрезентации со најголеми шанси за светската титула 2026 година

Аргентинската репрезентација ќе настапи како бранител на шампионската титула на Светското …