Дома Фудбал Италија Донарума за моментот кога дебитирал и односот со Михајловиќ

Донарума за моментот кога дебитирал и односот со Михајловиќ

Џанлуиџи Донарума е најголемата голманска надеж на Италија во последните неколку години. Во време кога италијанската репрезентација и Милан сакаат да се вратат на славните патеки, Донарума го гледаат како симбол на некои идни поубави времиња.

Популарниот Џиџо има само 20 години и веќе запиша 167 настапи во дресот на Милан и 14 во дресот на „Аѕурите“. Неверојатни бројки за така млад голман.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ќе потсетиме, Донарума е голманот со најголем процент на одбранети удари во 2019 година во Европа. Во колото кое следи во Италија, Милан ќе игра со Интер, а Донарума таму има пријатели.

„Имам добар однос со неколку играчи. Посебно со Д’Aмбросио кој доаѓа од југот како и мене, двајцата живееме во иста зграда овде во Милано“.

Донарума дебитираше токму против Интер.

„Бев возбуден. Чуствував тензија, но тоа беше нормално. Се сеќавам на тој момент пред натпреварот кога Синиша Михајловиќ дојде и ми кажа дека ќе бранам. Бев толку возбуден што веднаш се јавив дома. Синиша ме праша дали се плашам, а јас одговорив „не“ бидејќи бев спремен и мотивиран“.

Михајловиќ кој денес се бори со леукемијата има посебно место во срцето на Донарума.

„Ќе успее Миха да се избори со ова. Тој е лав. Му ја посакувам целата среќа на овој свет и се надевам дека наскоро ќе го прегрнам“.

Познато е дека Михајловиќ од Донарума се прости во солзи

„Да, и јас бев разочаран. Тој е човек кој се дава целиот. На натпреварите во дава дополнителна мотивација. Секогаш е искрен и кога има нешто да ви каже секогаш ви го кажува во лице“.

На крајот Донарума и ги израдува навивачите на Милан бидејќи порача дека сака успех и тоа со милан.

„Мојата цел во иднина е да бидам успешен со Милан“, изјави Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фердинанд во солзи откри потресна причина зошто не зборувал за борбата на својата сопруга со ракот

Рио Фердинанд се присети на тешките моменти од 2015 година кога ја загуби својата сопруга …