Баерн Минхен е на добар пат да стигне до шестата титула во низа во Германија и тоа убедливо.
Стефан Ефенберг кој е поранешен фудбалер на Барен предолжи план за спречување на слична ситуација во иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн во овој момент има 18 бодови предност од второпласираниот Баер Леверкузен, а до крајот на сезоната има уште 13 натпревари, што значи дека прашањето на шампионот е веќе решено.
Ефенберг во својата колумна за „Т-Online“ предложи отворен ждреб за поделба на Бундес лигата во две групи по девет клубови, а би се играло двокружно од почетокот на сезоната до Божиќ. Потоа четирите најдобри од секоја група и најдоброто пето место би играле за титулата, додека останатите девет клубови би се бореле за опстанок.
Со оглед на тоа дека на доминацијата на Баерн не и се гледа крајот во блиска иднина сигурно дека ваквите промени би биле од корист на германскиот фудбал.
„Првенството не би смеело да биде одлучено во февруари или март, а доколку се игра по мојот предлог од јануари сите клубови би почнувале од нула. Тоа би донело многу возбудвања и напнатост. Сигурен сум дека ваквиот начин на натпреварување ќе привлекува големо внимание од целиот свет“, изјави Ефенберг.