Eкипата на Парма се врати помеѓу најдобрите во Серија А и секако дека ова лето ќе се обиде да се засили, а првото засилување би можел да биде фудбалер кој настапуваше во соседството.
Дарко Лазовиќ ова лето ќе ја напушти Џенова, а според информациите Парма е блиску до негов ангажман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Парма се врати во елитата после три години поминати во пониските лиги и од наредната сезона повторно ќе ги гледаме во Серија А.
Лазовиќ оваа сезона не играше премногу во Џенова. Одигра 21 натпревар и во потрага по поголема минутажа се очекува да премине во редовите на новиот прволигаш.
Неговиот договор со Џенова има важност до 2020 година, но очекувањата се клубот да не прави проблеми доколку тој сака да замине. Со Парма би требало да стави потпис на четиригодишен договор