Дома Фудбал Репрезентации Димитриевски: Ако ја победиме Португалија ќе остане само уште Бразил и дајте ни ја светската титула!

Димитриевски: Ако ја победиме Португалија ќе остане само уште Бразил и дајте ни ја светската титула!

Победата на Македонија во Палермо и понатаму е главна тема, како и да не биде кога од игра за пласман на Мундијал го исфрливме актуелниот Европски шампион, а сега не чека уште еден тежок испит – Португалија!

Македонските фудбалери испишуваат нова историја после пласманот на Европското првенство и победата во Диусбург со Германија, последната пречка се Кристиано Роналдо и Португалија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Неверојатен момент за цела Македонија. После победата со Германија и настапот на Европското првенство сега ја победивме и Италија…Доаѓа Португалија, а потоа ќе ни остане само Бразил и може да ни ја дадат светската титула. Ние сме мала земја, но погледнете какви пречки поминавме“.

„Многу емоции имаше уште од стартот, солзи скоро да потекоа и кога се интонираше химната. Моментот кога дојде голот не се опишува, не знае човек што да каже. Цела Македонија заслужи да се радува на ваков успех и да ужива во овие тешки времиња, народот заслужи радост. На нас останува да се подготвуваме за тоа што не чека следно“, изјави македонскиот голман.

Димитриевски беше одличен против Италијанците и заедно со Висар Муслиу се најдоа во идеалниот тим од мундијалскиот бараж.

Фото: Димитар Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…