Дома Фудбал Италија Дибала има специјална клаузула во договорот со Рома

Дибала има специјална клаузула во договорот со Рома

Аргентинскиот напаѓач, Пауло Дибала може да ја напушти Рома, ако римскиот клуб не обезбеди пласман во Лигата на шампиони, открива „Газета дело Спорт“.

Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 20 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување и до сега на 12 меча постигна 7 гола и запиша 2 асистенции.

Оваа сезона „Волчицата“ не игра во Лигата на шампиони и ако не обезбеди пласман за следната сезона, Дибала ќе сака да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oдредена цената на влезниците за натпреварот со Лихштенштајн

– У.О. на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварот поме…