Дома Фудбал Италија Дибала го замени Роналдо и го реши дербито со Милан (ВИДЕО)

Дибала го замени Роналдо и го реши дербито со Милан (ВИДЕО)

Милан вечерва гостуваше кај Јувентус во рамките од 12-тото коло во Серија А и беше поразен со 1:0.

Беше ова девеетта победа во низа на Јувентус во натпреварите со Милан и петта од тие девет со еден гол разлика. Милан вечерва навистина изгледаше добро. Се обидуваа преку Пјонтек два пати и Тео Ернандез, но при првиот шут на полскиот напаѓач топката заврши над голот, а при вториот Шчесни одбрани како и кога шутираше Ернданез. На другата страна Јувентус се закани преку Игуаин.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во вториот дел двата тима имаа по неколку шанси.

Клучниот момент кој сигурно ќе предизвика бурни реакции се случи во 55-тата минута. На изненадување на сите Сари го извади Роналдо од игра, а на негово место влезе Дибала. Португалецот покажа незадоволство со тоа што не седна на клупата туку отиде право во соблекувалната.

Меѓутоа тој потег се покажа како одлучувачки затоа што Дибала во 77-та минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…