Претходните денови италијанските медиуми пишуваат за тоа дека Маурицио Сари до крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Челзи, па дури и дека се договорил со Рома.
На Сари не му оди баш најдобро на клупата на лондонскиот клуб и дека му е поставен ултиматум да ги поправи резултатите најбрзо што може или во спротивно ќе биде отпуштен. По ваквите најави се појавија и информации (и во Англија и во Италија) дека Сари ако добие „шут карта“ во Челзи ќе оди во Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се пишуваше дека Сари увидел ека Премиер лигата не одговара на неговиот стил на игра и дека веќе разговарал со раководството на Рома каде што во случај на отказ во Лондон би го наследил Ди Франческо.
На денешната прес-конференција на римскиот клуб оваа тема не можеше да ја избегне и тренерот на „волчицата“ Еусебио Ди Франческо.
„Слушнав што се зборува и што се пишува низ медиумите овие денови за Маурицио Сари. Мојот коментар на сето тоа е дека станува збор за големи глупости и лаги. Нема никаква смисла да се пишува за тоа. Не ме интересираат тие шпекулации и многу добро знам што Мончи и друштвото прават“, порача Ди Франческо.
Ди Франческо на клупата на Рома седна во 2017 година претходно пет години го водеше Сасуоло (2012-2017), а работеше уште Виртус Лансијано, Пескара и Лече.