Дома Фудбал Италија Ди Франческо откри како го добил името и порача: Не се откажувам, тоа е не е во мојата природа

Ди Франческо откри како го добил името и порача: Не се откажувам, тоа е не е во мојата природа

Рома оваа среда со почеток во 20:45 ќе го игра реваншот против Ливерпул и „волчицата“ ќе се обиде да направи ново чудо после во првиот натпревар од 5:2.

Иако пред нив е тешка задача тренерот на овој тим Еусебио Ди Франческо порача дека за него ништо не е готово, токму и како против Барселона (загубија 4:1, во реваншот славеа со 3:0).

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Оваа сезона во Лигата на шампионите веќе направивме неколку неверојатни работи. Тоа што ме води напред е страст и радувањето на навивачите. Нема да се откажам, тоа не е во мојата природа, јас сум човек кој оди до крај“, порача Ди Франческо.

Потоа тој откри дека името го добил по легендарниот Португалец, Еусебио.

„Мојот татко навистиан го обожавше Еусебио, па поради тоа одлучи и јас да се викам така. Отиде и ме пријави како Еусебио, моето средно име е Лучо“ – откри стратегот на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Александар Станковиќ од лето во Интер!

Раководството на Интер донесе одлука дека на крајот од сезоната ќе ја активира клаузулата …