Дома Фудбал Италија Ди Франческо доби ултиматум кој тешко дека ќе го исполни

Ди Франческо доби ултиматум кој тешко дека ќе го исполни

Фудбалерите на Рома утре играат на домашен терен против Реал Мадрид во рамките на петтоко коло од групната фаза во Лигата на Шампионите.

Римскиот клуб се наоѓа во многу лоша форма во последно време, а екипата дополнително ја потресе поразот против Удинезе кој го доживеаа минатиот викенд. На удар на италијанската јавност се наоѓа тренерот на римската екипа, Еузебио ди Франческо кој наводно е под голем притисок пред утрешниот натпревар против Реал Мадрид.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според пишувањата на медиумите на Апенините управата на Рома лесно го губи трпението со Ди Франческо и не би било изненадување доколку наскоро добие отказ. Наводо, Ди Франческо вчера објавил разговор со управата на клубот кои му дале ултиматум дека мора да извлече позитивни резултати во следните два натпревари.

Првиот натпревар Рома ќе го одигра утре против Реал Мадрид, а следниот викенд ги очекува уште едно големо дерби во рамките на 14. коло од Серија А, на „Олимпико“ ќе го пречекаат Интер. Навистина тешка задача е пред Ди Франческо, но и испит на зрелоста на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан не бил прв избор за Модриќ: Хрватот сакал да потпише за друг тим, но го одбиле!?

Лука Модриќ ги игра последните натпревари за Реал. Капитенот на мадридскиот гигант ќе го н…