Дома Фудбал Италија Ди Марцио: Милан донесе одлука за судбината на Гатузо

Ди Марцио: Милан донесе одлука за судбината на Гатузо

Сезоната е завршена и сега е време да се соберат сметките на „Сан Сиро“.

Заврши уште една сезона во Серија А, кога е шампионот во прашање не видовме ништо ново, а изненадување на сезоната беше Аталанта која се пласираше во Лигата на шампионите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Милан и Гатузо не успеаа да дојдат до место во најелитното европско натпреварување и сега се очекуваат промени во текот на летото.

Првата промена би требало да се случи на тренерската клуб. Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио тврди дека Џенаро Гатузо наскоро ќе биде сменет.

Директорот Леонардо ќе го напушти клубот, а блиску до таква одлука е Паоло Малдини, а токму овие двајца му го чуваа „грбот“ на Гатузо на клупата.

Симптоматично е и што се уште за посериозно не се споменуваат потенцијалните кандиати за наследник на Гатузо, но кој и да го предводи Милан наредната сезона во текот на летото ќе има полни раце работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Светското клупско првенство е апсурдно, смета директорот на Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја нападна ФИФА поради Светското клупско …