Дома Фудбал Италија Детал поради кој Јувентус остана без победа: Погледнете го овој потег на Инзаги ?

Детал поради кој Јувентус остана без победа: Погледнете го овој потег на Инзаги ?

Фудбалерите на Лацио изминатиот викенд во Серија А ремизираа против Јувентус (1:1) во дербито од седмото коло во Серија А.

Јувентус поведе веќе во 15. минута кога Кристиано Роналдо постигна гол и изгледаше дека „старата дама“ со три бода ќе го напушти „Олимпико“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Но, во последните секунди Лацио дојде до бод, а херој беше Каиседо. Сепак, големи заслуги за овој гол покрај Кореа кој асистираше има и тренерот Симоне Инзаги.

Имено, при аутот кој го изведуваше Марушиќ Изнаги реагираше кога виде дека неговиот фудбалер сака да ја врати топката назад. Тој го турна напред и му покажа топката да ја фрли кон Кореа кој одлично се снајде и го пронајде Каиседо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На повидок големо изненадување: Тер Штеген се сели во Италија?!

Марк Андре Тер-Штеген повеќе не е дел од плановите на Барселона и е предмет на интерес за …