Најдобрите две екипи во групата Х играат во Лондон овој вторник во дербито на денот, кога Челзи е домаќин на лидерот со максимални четири победи Јувентус. Овој меч ќе биде и битка за лидерското место во групата.
Старата дама триумфираше во Торино во првиот нивни меѓусебен меч во групата – пред да го запечатат пласманот во осминафиналето со четири победи од четири меча – а актуелните шампиони се на само бод до потврда на своето место во нокаут-фазата.
Тухел фокусиран на победа над Јуве
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако ја задржаа предноста од три бода на врвот на табелата во Премиер лигата со рутинската победа над Лестер Сити во саботата, Челзи го пренасочи својот фокус на продолжување на одбраната на трофејот во Лигата на шампионите што го кренаа по втор пат минатиот мај.
Ноѓајќи се на второто место во групата зад противниците оваа недела, нивниот единствен пораз досега беше токму во Италија уште во септември, кога Јувентус славеше победа од 1:0 со голот на Федерико Киеза на почетокот на второто полувреме.
Тоа беа единствените бодови што „сините“ ги испуштија во групата, откако воведната победа дома со Зенит беше проследена со доминантни победи против Малме на последните два натпревари. Иако момците на Томас Тухел победија само со еден гол во Шведска минатиот меч, тие повторно ја имаа целосната контрола и ги добија двата натпревари со вкупен резултат 5:0.
Челзи во одлична форма
Формата на „сините“ во лигата од оној пораз од Јуве е неверојатна. По поразот во Торино, Челзи одигра девет меча и забележа осум победи и едно реми и тоа она против Барнли пред репрезентативната пауза. Уште поимпресивни се нивните резултати и офанзивата која постигна 24 гола на овие девет меча или во просек повеќе од 2.5 гола по натпревар. Во оваа серија се и победите над Норвич со 7:0, над Малме со 4:0 како и двете гостински победи од по 0:3 над Њукасл и онаа од минатиот викенд над Лестер.
Она што е уште поимпресивно е фактот што тие голови доаѓаат од сите страни на самоуверената екипа, бидејќи 30-те гола на Челзи во Премиер лигата оваа сезона беа постигнати од 15 различни фудбалери.
Тухел гарантира дека тие ги држат работите цврсто и во одбраната, со тоа што екипата ја зачува својата мрежа на шест од последните осум натпревари. Не само тоа, туку тие допрва треба да примат повеќе од еден гол на натпревар во кое било натпреварување оваа сезона. Впрочем, во Премиер Лигата сезонава примија само четири гола на 12 дуели, а во Лигата на Шампионите само еден гол на четири меча.
Јуве со реми го освојува првото место
Јувентус се наоѓа на врвот од групата Х со максимални бодови досега, откако на почетокот на овој месец постигнаа двојна над Зенит Санкт Петербург.
Откако ги добија првите три натпревари без примен гол, „бјанконерите“ конечно потклекнаа по автоголот на Леонардо Бонучи во Торино, но сепак славеа со 4:2 над рускиот шампион. Како резултат на тоа, Јувентус ќе го потврди првото место доколку избегне пораз од Челзи оваа недела. Секако, Јуве веќе го загарантира пласманот во следната фаза, па сега борбата е лидерската позиција.
Сепак, Јуве не е на нивото сезонава во Серија А, каде се мачи цела сезона. Замислете, Јувентус со Алегри се наоѓа на 8-то место во Италија со шест победи, три ремија и дури четири порази. Загубија против неколку тимови од средината на табелата, како Сасуоло и Верона, но победите во двата дерби меча по ред во минатите две средби се чини дека ја вратија самодовербата. Прво славеа над Фиорентина пред репрезентативната пауза со 1:0, додека минатиот викенд славеа над Лацио со 0:2 во Рим.
Со тоа Јуве ја заврши серијата од три натпревари без победа во лигата и сега се надева дека во Лондон ќе освои барем бод кој секако за нив ќе биде доволен за освојување на групата.