Maлото девојче, Адисон Велан (11) кое влезе на терен по завршувањето на натпреварот помеѓу Ирска и Португалија со цел да добие дрес од Роналдо ќе добие казна.
За влегувањето на теренот Адисон е казнета со 2.500 фунти, сепак таа е пресреќна и не ја интересира многу казната. За неа е најважно што успеала да дојде да го гушне Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Казнета сум за влегувањето на теренот, но тоа не е проблем тато ќе ја плати казната. Бев во вториот ред и втрчав на теренот. Редарите беа зад мене, но јас продолжив викајќи по Роналдо. Имав среќа што се сврте и ме забележа. Дојде им кажа да ме пуштат да се поздравиме, не можев да си поверувам. Пресреќна сум што го добив неговиот дрес“, изјави Адисон.
❤️❤️❤️ pic.twitter.com/UC9ewudwmA
— ESPN FC (@ESPNFC) November 11, 2021