Дома Фудбал Италија Де Лихт: Ќе работам напорно за да успеам во Италија!

Де Лихт: Ќе работам напорно за да успеам во Италија!

Новиот дефанзивец на Јувентус, Матијас де Лихт го доби признанието за најдобар играч во Холандија за минатата сезона.

Де Лихт ова лето за 75 милиони евра го облече дресот на „старата дама“, но на мечот против Наполи не беше на посакуваното ниво, па веднаш стигнаа првите критики.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Горд сум што ја освоив оваа награда, со оглед на фактот што имам само 19 години. Знам дека ме споредувате со Гулит, Куман, Ван Бастен… но јас не се гледам во ниту еден од нив. Мојот модел во Ајакс беше Јан Вертонген“, изјави Де Лихт.

„Сега сум во нова држава, играм во нова лига и знам дека не е лесно. Ќе работам напорно за да успеам во Италија. Се уште се прилагодувам на италиајнскиот фудбал, се надевам дека што побрзо ќе можам да го дадам најдоброто од себе“, додаде младиот Холанѓанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…