Екипата на Јувентус и оваа сезона ќе претрпи одредени промени и тоа на сите линии.
Првакот на Италија е блиску до ангажирање на Матијас де Лихт од Ајакс, а какошто пишуваат италијанските медиуми тој местото во првите 11 ќе го добие наместо Бонучи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, ниту Бонучи не е спремен да ја грее клупата, а во борба за негов потпис се веќе вклучени два великани.
Се претпоставува дека кариерата би требало да ја продолжи во Англија, но постои можност и да го избере тимот од Франција.
За неговиот потпис се борат Манчестер Сити и ПСЖ, а поблиску до реализација е тимот од Англија.
Наводно, Јувентус е спремен да го продаде за 50 милиони евра, па останува да видиме кој од овие два клуба ќе има поголем успех во преговирите со Јувентус, но и со самиот Бонучи.