Дома Фудбал Останато Де Лаурентис во свој стил: Ако тој вреди толку, колку тогаш вреди Инсиње!?

Де Лаурентис во свој стил: Ако тој вреди толку, колку тогаш вреди Инсиње!?

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис зборуваше за трансфер периодот во италијанската Серија А, неколку дена пред почетокот на сезоната.

Зборувајќи за „Radio Kiss Kiss Italia“, Де Лаурентис се осврна на неколку теми:


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За Белоти: „Се зборуваше дека Торино бара 65 милиони, дали постојат преговори? Лажни! Изгледа толку чудно, се чини дека сите архитекти меѓу обинителите и новинарите го преценуваат овој играч. Ако Белоти вреди 65 милиони, задоволен сум, бидејќи тогаш Инсиње би вредел 85! Минатата година постигна 12 гола во лигата, додека Белоти постигна десет. Ако Белоти денеска вреди 65 милиони, следната година Инсиње ќе вреди 100!“

За голманот:

„Точно е, би можел да дојде Оспина. Преговараме, постои разлика во барањата. Веруваме дека ќе успееме да го доведеме. Мињоле? Не зборувавме ништо, но знаете дека бевме заинтересирани за Очоа, Мињоле и Оспина, како и за поранешниот член на Фироентина, Татарусани. Четири голмани се во оцпија, но Очоа, кој ми се допаѓа нема да пристигне, бидејќи е државјанин на земја која доаѓа надвор од Европската унија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…