Дома Актуелно Де Лаурентис: Ако Мегваер вреди 93 милиони евра мојот играч вреди 250 милиони евра

Де Лаурентис: Ако Мегваер вреди 93 милиони евра мојот играч вреди 250 милиони евра

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е познат во светот на фудбалот како човек кој нема „влакна на јазикот“, така овој пат зборуваше за Хари Мегваер кој Јунајтед го направи најскап дефанзивец во историјата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Де Лаурентис освен што зборуваше за Мегваер за лудите цени на фудбалерите на трансфер пазарот ја обвини Премиер лигата.

„Порблем на зголемите цени е во Англија, таму има многу пари, многу повеќе од Шпанија, Германија, Италија и Франција. Ако клуб во Англија има 800 милиони на располагање сигурно не му е проблем да плати 100 за еден играч. Не постои веќе конкуретност помеѓу Англичаните и други земји“, изјави Де Лаурентис, а потоа Мегваер го спореди со Кулибали:

„Кулибали има клазула од 150 милиони евра. Знаете, во Англија можат да потрошат 93 милиони евра за играч кој вреди најмногу 35 милиони евра. Ако Мегваер вреди 93 милиони евра тогаш Кулибали вреди 250 милиони евра“, заврши првиот човек на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар предизвика скандал: Судијата имаше менструација…

Бразилецот Нејмар повторно ги сврте очите на бразилските фанови кон себе, и тоа поради пов…