Дома Фудбал Лига на шампиони Де Брујн: Атлетико играше со пет во одбрана и пет во средина, а во реваншот ќе мора да нападне

Де Брујн: Атлетико играше со пет во одбрана и пет во средина, а во реваншот ќе мора да нападне

Кевин Де Брујн беше херојот на Манчестер Сити кој го реши четвртфиналето против Атлетико Мадрид на „Итихад“.

Победата Де Брујн ја обезбеси со гол во 70-тата минута после асистенцијата од Фоден. Атлетико во овој прв натпревар против Сити само се бранеше, додека „граѓаните“ напаѓаа. По натпреварот стрелецот на голот порача дека во реваншот „јорганџиите“ ќе мораат да играат поинаку.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Во првото полувреме одеше потешко, во второто успеавме да направиме некоја шанса и да реализираме една. Фоден одлично ме пронајде во простор. Мора да останеме збиени, очекувам сличен натпревар и во Мадрид. Ништо не е завршено, а во реваншот тие ќе мораат да не нападнат. Атлетико играше со пет во одбрана и уште пет во средината и во таква поставеност тешко се наоѓа простор“, изјави Де Брујн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …