Дома Фудбал Останато Далиќ доби награда за успехот на Хрватска на Мундијалот

Далиќ доби награда за успехот на Хрватска на Мундијалот

Хрватскиот фудбалски сојуз ја продолжи соработката со сегашниот селектор на репрезентацијата, Златко Далиќ на уште четири години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така, овој стратег ќе ја води репрезентацијата и во походите на Европското 2020. и Мундијалот 2022. година. На Далиќ му беше доделена лојалност со оглед на тоа што одлично ја води Хрватска на овој Мундијал во Русија, каде што во четвртфиналето го очекува дуел против домаќинот.

Хрватска под водство на Далиќ ги има победено сите натпревари до сега на Мундијалот и се смета за еден од најголемите фаворити на овој турнир. Хрватските медиуми пишуваат дека Далиќ ќе добие договор без оглед на тоа каков ќе биде исходот од тој натпревар во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…