Дома Фудбал Останато Дали Модриќ повеќе не е играч за големи натпревари?

Дали Модриќ повеќе не е играч за големи натпревари?

Лука Модриќ нема да ја памети 2019 година по добро во Реал Мадрид. Легендата на „кралевите“ не играше како првотимец на ниту еден од четирите најважни дуели од првиот дел од сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


И додека првиот меч од групата против ПСЖ го пропушти поради повреда, на вториот дуел одигра само 14 минути, а на натпреварите против Атлетико Мадрид и Барселона тој одигра само 30 минути вкупно.

Модриќ поради тоа запиша 17 настапи за „кралевите“, а притоа постигна три гола и пет асистенции.

Хрватот е во Мадрид од 2012 година и „Марка“ пишува дека 34-годишниот фудбалер повеќе не е способен да игра во големите натпревари на Реал, зашто на сцената стапил Валверде, кој дава нов ритам на играта на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…