Дома Фудбал Лига на шампиони Дали Лигата на шампионите ќе стане само забава за богатите?

Дали Лигата на шампионите ќе стане само забава за богатите?

Од 2024 година би можеле да гледаме една сосема поинаква Лига на шампиони.

Големите клубови се подготвуваат да се „одвојат“ од малите и спремни да формираат ново натпреварување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сакаат да оформат систем во кој ќе играат само клубовите со поголем буџет и каде што заработката ќе биде зголемена.

Од УЕФА не сакаат ништо да коментираат за ваквите најави, но медиумите малку се позанимаваа со тоа прашање. Реномираниот „Њујорк Тајмс“ тврди дека еден од главните планови за реконструкција на Лигата на шампионите е да се формира полузатворен систем во кој 24 елитни екипи би имале загарантирано место во Лигата на шампионите, без оглед на тоа како ќе ја завршат сезоната.

Четири екипи во тоа друштво би влегувале преку Лигата на Европа (полуфиналистите од тоа натпреварувае), додека преостанатите четири екипи би се пласирале преку квалификации.

Клубовите не би биле поделени во осум групи туку во четири по осум екипи со што би се добил поголем број спектакуларни натпревари и така би се дошло до поголема заработка.

Во нокаут фазата мести ќе обезбедуваат најдобрите четири клуба, а останатите би разигрувале за опстанок. Испаѓање би имало, но ќе биде контролирано и нема да се дозволат поголеми промени на составот.

Деталите допрва треба да се објават, но оваа идеја на многумина не им се допаѓа, но ако ги задоволува интересите на раководството тогаш сигурно дека може да биде прифатена.

Оние што тврдат дека ваков формат не е потребен порачуваат дека би се изгубила смислата на ова натпреварување, но веќе навикнавме да гледаме како (не)возможното станува станува возможно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…