Дома Фудбал Англија Дали е ова најдобриот опис на Ливерпул? Тие се како формула, добри само на автопат!

Дали е ова најдобриот опис на Ливерпул? Тие се како формула, добри само на автопат!

Ливерпул синоќа загуби на гостувањето кај Свонси, а менаџерот на „лебедите“, Карлос Кавахал го даде можеби најадекватниот опис за тимот на Јирген Клоп.

Последнопласираниот тим во Премиер лигата со гранитна одбрана и контранапади успеа да го победи Ливерпул.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Им кажав на моите играчи дека Ливерпул е врвен тим, дека се силни, но и дека се како болид на Формула 1. Доколку болид на Формула 1 ставите во градскиот метеж на Лондон тој нема да може да се движи брзо и ќе биде како и сите други автомобили. Кога се во брзина тоа е проблем, не смееш да им го отвориш патот“, изјави Карвахал.

„Тоа е она што им го кажав на моите играчи, да ја умртват играта, да не дозволат Ливерпул да го наметне својот стил. Имавме среќа што постигнавме гол и потоа издржавме до крајот. Ова навистина не е начин на кој ние сакаме да играме, но беше добар избор за овој меч против исклучително силен тим. Моите играчи беа гладијатори и на крајот извојуваа победа“, заклучи менаџерот на Свонси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …