Дома Фудбал Лига на шампиони Дали е ова ароганција? Во Реал Мадрид веќе ја слават 13-та

Дали е ова ароганција? Во Реал Мадрид веќе ја слават 13-та

Играчите на Реал Мадрид синоќа пласманот во финалето го прославија со специјално изработени маици.

„Кралевите“ го елиминираа Баерн Минхен со конечен резултат 4:3, а после завршувањето на мечот сите фудбалери облекоа маичка на која пишуваше: „Кон 13-тата“.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Реал Мадрид се пласира во третото последователно финале и општо четврто во последните пет години во Лигата на шампиони.

Со 12 освоени трофеи во ова натпреварување, шпанскиот гигант е најтрофеен, а судејќи по маичките сигурно ја очекуваат и 13-та титула на 26-ти мај во Киев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Mилан пронајде напаѓач од 50 милиони евра, прво ќе го доведе на позајмица!

По долготрајната потрага за засилување во нападот, Милан конечно успеа да го договори анга…