Поранешниот репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски според информациите на полските медиуми е пред трансфер во шампионот на Полска Пјаст Гливице.
Медиумите во оваа земја пишуваат дека членот на „златната младинска генерација“ на Македонија во 2017 година која се пласираше на Европското првенство е сериозен кандидат да го засили Пјаст.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите изборот на Бабунски паднал откако нивната прва мета Патрик Липски е се подалеку затоа што Легија Гдањск нема намера да се откаже од неговите услуги.
Бабунски во кариерата беше дел од Барселона Б, Црвена Звезда, Јокохама Маринос, а без ангажан откако пред неколку недели му заврши договорот со Омија Ардиџа.