Дома Останати Тенис Грчки навивачи избркани од Австралија Опен поради антимакедонски скандирања

Грчки навивачи избркани од Австралија Опен поради антимакедонски скандирања

Грчките навивачо на Австралија Опен за Марија Сакари навиваа со антимакедонски знамиња, но тоа не помина незабележано од организаторот.

20-тина грчки навивачи направија инцидент во женска конкуренција. Откако полицијата ги избркала грчките навивачи се жалеле на расизам.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од полицијата соопштија дека проблематичната група добила неколку предупредувања пред да биде отстранета од трбиините.

„За време на мечот на теренот број осум групата доби неколку предупредувања од судијата, обезбедувањето и полицијата. На крајот неопходна беше наша реакција“, соопштија од полицијата.

Нешто слично се случуваше и во понеделеникот кога Циципас играше против Италијанецот Салваторе Карузо. Циципас беше искрен и порача дека некогаш претеруваат.

„Некогаш навистина претеруваат. Мене ми е убаво кога имам таква поддршка, но не знам како би реагирал ако јас сум на спротивната страна. Сепак, ова е тенис, а не фудбал“, изјави пред неколку дена Циципас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…