Бојан Миовски вечерва од 18:45 часот со својот Абердин го игра натпреварот против ПАОК во Солун, а пред оваа средба шкотските навивачи добија специјална забрана каква што досега немале.
Имено, грчките власти најавиле сериозен претрес на сите гостински навивачи кои нема да смеат да внесуваа македонски знамиња.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шкотските фанвои во чест на Миовски знаеа да истакнуваат македонски знамиња на натпреварите, но тоа сега ќе им биде оневозможено. Никој на стадионот „Тумба“ веројатно нема да може да внесе македонски симбол.
Ваквата реакција веројатно доаѓа како одговор на потегот на Миовски кога на претходниот натпревар против ПАОК постигна гол и испрати посебен поздрав за „обединета Македонија“.
Но, како и да е секако забраната на организаторите секако е далеку од склад со спортскиот дух.