Дома Фудбал Драма во Грција: Тренерот на ПАОК збесна и сам тргна да се тепа со навивачи на АЕК (Видео)

Драма во Грција: Тренерот на ПАОК збесна и сам тргна да се тепа со навивачи на АЕК (Видео)

Тренерот на ПАОК Разван Луческу „го изгуби разумот“ по тесниот пораз од АЕК со резултат 1:0 и започна физичка пресметка со навивачите на атинскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Персоналот на ПАОК се обидел да го запрат Разван, но не успеале, па полицијата била принудена да интервенира. Забележливо е дека голема група полицајци тргнала кон Разван додека тој се обидувал да се пробие до навивачите на АЕК.

Сето ова резултирало со четиримесечна суспензија за романскиот тренер. Дополнително, казнет е со 15.000 евра поради овој инцидент, а ПАОК како клуб доби двојно поголема казна во износ од 30.000 евра.

Покрај него, суспендирани се и неговите помошници Пантелис Константинидис, Георгиос Цонакас, Георгиос Теодоридис и Атанасиос Капулас.

Оваа казна е значителен удар за ПАОК кој сезонава имаше амбиции да се бори за титулата шампион на Грција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кој фудбалер ќе „лета“ од Барселона зашто Флик договорил засилување од Дортмунд

Карим Адејеми според сите изгледи ќе биде ново засилување на Барселона бидејќи преговорите…