Во седиштето на Европската ракометна федерација денес беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на Европа.
Македонија веќе има обезбедено учесник во групната фаза, а тоа е тимот предводен од Кире Лазаров, Алклаоид. За македонскиот вицешампион ова ќе биде дебитантска сезона во Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Алкалоид ќе игра во група со Силкеборг, Ла Риоха и Војводина во групата Ф. Од друга страна ако Вардар успее да го помине Рајн Некар Левен кој е огромен фаворит ќе се придружи на Бенфика и Талески во групата А каде што се уште Кристијанштад и Нант.
Натпреварите во групната фаза стартуваат на 17-ти октомври.
група А: Нант, Кристијанштад, Бенфика, Вардар/Рајн Некар
група Б: Горњик Забже, АЕК Атина, Криенс Луцерн, Иштад/Хановер
група Ц: Куенка, Горење Велење, Савехоф, Агуаш Санташ/Винтертур
група Д: Нексе, Повашка Бистрица, Скјерн, Тримо Требње/Брага
група Е: Кадетен Шафхаузен, Елверум, Фленсбург, Ловќен
група Ф: Силкеборг, Алкалоид, Ла Риоха, Војводина
група Г: Фуксе Берлин, Динамо Букурешт, Шамбери, Извиѓач
група Х: Спортинг Лисабон, Татабања, Хобри Глогов, Констанца/Гранољерс