Италијанскиот репрезентативец и повратник во редовите на Јувентус на социјалните мрежи се соочува со гневот на навивачите.
Леонардо Бонучи на својот Инстаграм профил постави слика со синовите, добро познати се проблемите со здравјето кои ги има неговиот помлад син.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стоперот ова лето се врати во Јувентус, не сакаше да ја напушти Италија дури и минатото лето кога имаше подобри понуди од онаа на Милан.
„Би сакал да умреш и ти и твоите синови“, напишал гневиот навивач…
Поради навистина грозната порака Лео мораше и да му одговори.
„Можеби еден ден ќе живееме во подобар свет до тогаш се надевам дека ќе ги чувам моите деца од луѓе каков што си ти. Можеби некој би требало да ти помогне да се промениш, но од тие го*на кои се давиш тешко дека некој може да те извлече“, возврати стоперот на Јувентус и Италија.