Дома Фудбал Останато Ставре Јада ќе ја претставува Македонија на ЗОИ во Милано!

Ставре Јада ќе ја претставува Македонија на ЗОИ во Милано!

Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање, Ставре Јада, со настапот на СП во Трондхајм, Норвешка, успеа да обезбеди квота за настап на Зимските Олимписки Игри што следната година ќе се одржат во Милано, Италија.

Во исклучително силна конкуренција на светската елита, Јада ги извозе квалификациските трки со огромна борбеност и желба за успех.

На 27 февруари, на квалификациската трка, го зазеде 126-то место од 182 натпреварувачи, додека на 10 км класичен стил се пласираше на 107-то место. Вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, забележа одличен настап и се најде на 41-то место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонката која на Медитеранските игри отпатува со своето бебе – се враќа со медал!

Македонската борачка Вероника Консевиќ се закити со бронзен медал на Медитеранските игри, …