Дома Фудбал Останато Гризман: Барселона, СП во Катар, па МЛС

Гризман: Барселона, СП во Катар, па МЛС

Антоан Гризман после неколку години шпекулации минатото лето го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Барселона.

Францускиот напаѓач беше платен 120 милиони евра, но во првата сезона на „Камп Ноу“ не импресионираше. Дури се појавија информации дека Барселона би можела експресно да го продаде, но Гризман е одлучен во намерата да остане на „Ноу Камп“ и да покаже колку вреди.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Неговиот договор со Барса важи до 2024 година, а доколки го одработи до крај ќе има 29 години.

Гризман зборуваше за плановите за иднината и отворено призна дека во залезот на неговата кариера се гледа во МЛС лигата.

„Освојувањето Ла Лига и Лига на шампиони е сон и главна цел. Потоа следи Светското првенство во Катар, а потоа МЛС. Не знам во кој тим би играл, но навистина тоа го сакам. Се гледам себе во последните години од кариерата во САД. Ако биде можно сакам да бидам дел од тим кој ќе се бори за титулата“, призна францускиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“ од Островот: Осимен потпишал петгодишен договор вреден 75 милиони евра!

Наполи сѐ уште е сопственик на договорот со Виктор Осимен, фудбалер кој блеска каде и да п…