Денес на градскиот стадин „Филип Втори“ беше одиграно градското дерби помеѓу Вардар и Работнички.
Дербито им припадна на црвено-црните кои запишаа минимална победа од 1:0. Првиот дел помина во цврста игра со неколку шанси, на Вардар, но сепак реализација недостасуваше, па на полувреме се замина со почетниот резултат.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во вториот дел Вардар продолжуваше со нападите, се обидуваа Максимов, Николов, Барсегјан, а токму тој беше и човекот кој одлучи натпреварот.
По одличната шанса на Максимов во 78 минута, Барсегјан од десетина метри успеа да го солвада одличниот Божиновски кој претходно запиша неколку фантастични интервенции.
Со оваа победа Вардар ја намалува предноста на Шкендија пред зимската пауза.