Дома Македонски спорт Гоце Седлоски се враќа во Динамо Загреб?

Гоце Седлоски се враќа во Динамо Загреб?

Хрватските медиуми го најавуваа Гоце Седлоски како најсериозен кандидат за младинската тим на Динамо Загреб кое остана празно.

Игор Јовичевиќ кој го водеше овој тим ќе го превземе првиот тим по заминувањето на Ненад Бјелица, а македонската легенда и поранешен столб на одбраната на Динамо се споменува како еден од најсеризоните кандидати.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Медиумите потенцираат дека идејата Седлоски да биде назначен за стратег на младинскиот тим доаѓа на препорака од Здравко Мамиќ кој е близок со Седлоски.

Како тренер Седлоски последниот ангажман го имаше во БиХ во Широки Брег, а беше тренер уште во Рига, Вардар и Турново. Во играчките денови во Динамо помина шест ипол години, од 1998 до 2005 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…