Челзи се вклучи во трката за украинската ѕвезда, Микаило Мудрик и успеа да го „украде“ пред носот на Арсенал.
Арсенал веќе подолго време преговара со Шахтјор и истпрати две понуди, последната од 70 милиони евра плус бонуси, но не успеа да постигне договор со украинскиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во трката се вклучи и Челзи, кој ги задоволи финансиските барања на Шахтјор и се согласи за Мудрик да плати 100 милиони евра.
Фудбалерот имаше договор со Арсенал, но на крајот ја прифати понудата на Челзи и се очекува утре да пристигне во Лондон на лекарски прегледи.
21-годишниот крилен фудбалер игра одлично оваа сезона и особено воодушеви со натпреварите во Лигата на шампиони, па според експертите тој е идната ѕвезда на светскиот фудбал.
🚨 Mykhaylo Mudryk will be at Stamford Bridge tomorrow to watch Chelsea vs. Crystal Palace after completing his medical.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 14, 2023
Pre-contract has been signed. ✍️
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/cZzs3bB2Ck