Себастијан Фетел во 2015 година пристигна во Ферари и се очекува на легендарниот тим да му ја врати титулата во Формула 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа на Фетел не му оди баш најдобро во италијанскиот тим и не успеа да го оствари она што од него се очекуваше. Фетел со Ферари има договор до крајот на сезоната и како што стојат работите наредната сезона ќе го гледам во некој друг болид.
Германските медиуми пишуваат дека Фетел и Ферари уште минатата година започнале преговори за нов договор, но од тоа нема да има ништо. Двете страни не успеале да се договорот и скоро сигурно ќе се разделат на крајот на оваа сезона.
Во Ферари според информациите веќе и на големо размислуваат за негов наследник и тука како фаворити се истакнуваат двајца кандидати. Станува збор за Карлос Сајнц од Мекларен и Даниел Рикардо од Рено.
Сајнц е голема надеж на Формула 1 и покажа дека е вешт зад воланот, додека Рикардо е во сериозни години и освојувањето на титулата за него се уште е само сон.