Пари Сент Жермен постигна договор со Зенит за трансфер на аргентинскиот репрезентативец, Леандро Паредес, пренесува угледниот „Екип“.
Двата клуба подолго време беа во преговори, а „Екип“ пренесе дека е постигнат договор, па Паредес ќе биде првото зимско засилување за ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светците“ за потписот на аргентинскиот репрезентативец ќе искешираат 47 милиони евра, а играчот ќе потпише 4 и пол годишен договор.
Тухел беше во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде замена за Рабио, а Паредес беше прв на листата желби.
Аргентинецот во 2017 година од Рома се пресели во Зенит за 23 милиони евра, а неодамна и самиот потврди дека сака да ја промени средината.
PSG and Zenit have agreed on a €47m fee for midfielder Leandro Paredes. The Argentine will join the French club on a four-and-a-half year deal. (Source: L'Equipe) pic.twitter.com/NhNecSomj1
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 24, 2019