Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен во 2023 година.
Утрoво веста ја пренесе англиски „Гардијан“, весник кој важи за еден од најреномираните во Велика Британија. Министерот за имиграција Ендрју Гилс ја поништил одлуката Новак да не може да влегува во Австралија три години, па по овогодинешниот хаос кој се случуваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веста веќе ја пренесоа сите австралиски медиуми. Според тоа е јасно дека Новак ќе се обиде да стигне до својот 22. Грен слем во Австралија.
Од штабот на Новак се уште ништо не е соопштено, меѓутоа неколку пати претходно Ѓоковиќ потврди дека сака да игра во Австралија.