Манчестер Сити е блиску да ја добие трансферната битка со градскиот ривал за дефанзивецот на Лестер, Хари Мекгваер, пренесуваат медиумите на Островот.
Информациите од Англија велат дека стоперот ги договорил личните услови со Сити, и дека „граѓаните“ се спремни да ја платат сумата која ја бара Лестер, а тоа е 80 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
доколку биде платена таа сума, Мекгваер ќе биде најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Претходно рекордот го држеше Вирџил ван Дајк за кој Ливерпул му плати 75 милиони фунти на Саутемптон.
Пеп Гвардиола смета дека Мекгваер ќе биде идеална замена за Винсент Компани, и ќе го формира стперскиот тандем од репрезентацијата Стоунс – Мекгваер.
Harry Maguire is set to seal an £80m switch to Manchester City, who will pay the England defender £280,000-a-week to move to the Etihad. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/6nk04nkIKM
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 24, 2019