Атлетико Мадрид ја победи конкуренцијата и го договори трансферот на ѕвездата на Удинезе, Родруго де Паул.
Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Интерес за Аргентинецот покажуваа уште Милан и Јувентус, но Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата.
„Скај Италија“ пренесува дека „јорганџиите“ постигнале договор со Удинезе и за потписот на Де Паул ќе платат 35 милиони евра плус бонуси.
Де Паул ќе потпише 4-годишен договор со Атлетико и годишно ќе заработува 3,5 милиони евра во Мадрид.