Дома Македонски спорт Мак ракомет Горан Кузмановски се огласи после допинг аферата: Мојата совест е чиста!

Горан Кузмановски се огласи после допинг аферата: Мојата совест е чиста!

На еден од најдобрите македонски ракометари Горан Кузмановски неодамна при антидопинг контролата, во телото му беше пронајдена супстанца која е штетна за организмот.

Во текот на неговата богата интернационална кариера Кузмановски немаше ниту една „дамка“, па поради тоа ваквата вест беше големо изненадување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега, Кузмановски лично преку својот Фејсбук профил се огласи и ја објасни целата ситуација детално.

„Почитувани претставници на медиумите. Почитувана спортска јавност и љубители на ракометот.

Би сакал да Ви се обратам по повод неколкуте скорашни медиумски објави поврзани со моето име и допинг аферата.Мојот шок и неверување после добиената информација беа големи, со оглед на тоа дека во мојата 20 годишна спортска кариера не сум имал ниту најмала дамка на неспортско однесување.

Супстанцијата која е пронајдена во мојот организам при антидопинг контролата се поврзува со препаратите за слабеење. Имено, јас користев препарат за слабеење, но најодговорно тврдам дека претходно при купување на истиот во овластена продавница за лекови и додатоци во исхрана, го проверив составот на истиот и во него се наведува дека се застапени само компоненти на природна база. Во спротивно свесно, по цена на мојата долгогодишна и успешна кариера дома и во странство, не би си дозволил да ја загрозам истата.

За составот на препаратот и сите дополнителни активности околу него навремено беше известена антидопинг комисијата на Република Македонија. Со оглед на тоа што супстанцијата која е најдена во мојот примерок се смета дека е штетна по здравјето и предизвикува несакани кардиоваскуларни ефекти, а нејзиното присуство не беше наведено на упатвото на производот (додаток во исхрана), значи дека не се превземени сите мерки за заштита на потрушувачите и наслението.

Од тука eдинственото прашање кое се наметнува не е зошто јас сум го користел препаратот туку зошто истиот содржи состојка штетна по здравјето на населението, која во исто време не е наведена во составот. За мене ова е огромна неправда, јас како играч одговарам за грешка која некој друг ја направил, меѓутоа во исто време сето ова ми претставува уште поголем мотив да ја истерам правдата и вистината до крај.

Други забранети супстанции, анаболички стероди, хормони, стимуланси, наркотици и слично НЕ се најдени при контролата.

Досега сум имал 14 анти допинг контроли и секогаш резултатот бил уреден. Да е уште поголема иронијата, како може да биде кај човек – спортист кој што е максимално посветен на спортската кариера, сопственото здравје и кој во животот нема запалено ниту цигара, а уште помалку да користи нешто недозволено и супстанца што е забранета и недостапна на македонскиот пазар воопшто да се купи.

Во досегашната кариера сум настапувал во Романија, Шведска, Шпанија и други држави и ги имам поминато сите анти-допинг едукации, вклучувајќи ја и последната во мојот сегашен клуб која беше спроведена пред два месеци. Добро сум запознаен со антидопинг правилата и покрај тоа што одговорно тврдам, Ве уверувам дека свесно никогаш не би си дозволил да ја оцрнам мојата спортска лоза, мојата 20 годишна интернационална кариера и мојот сегашен клуб, бидејќи сум застапник на есенцијалните вредности на спортот, односно постоењето на чистиот спорт.
Во исто време сакам да им заблагодарам на дел од медиумите за својата професионалност и почитување на законските регулативи додека постапката беше во тек.

Мојата совест е 100% чиста, а тоа ќе го докажам и преку подетални анализи кои се подолготрајни, а секако ке бидат спроведени пред се заради здравјето на општата популација, не само на спортистите.
Со ова сакам да изразам и огромна благодарност на мојата фамилија, моите пријатели, управата на РК Еурофарм Работник и на мојот поранешен клуб Одорхеи, на моите соиграчи и на сите останати за безрезервната поддршка, трепение и доверба.

Биди здрав и играј фер и кореткно!!!

Со почит,
Горан Кузманоски.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…