Навивачите на Хрватска ФК Ријека имаа прилика да гласаат за тимот на деценијата (2010-2020) и во тој тим се најдоа двајца македонски репрезентативци.
Двете бековски позиции во Ријека им припаднаа на Македонци, на левата страна е Ленард Жута, додека на другата страна заменик капитенот од ререзентацијата Стефан Ристовски. Во тимот најголем дел се играчите од генерацијата со која Ријека во 2017 ја освои титулата во Хрватска, од тој тим дел беа и Ристовски и Жута.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тогаш Ристовси направи трансфер во Португалија во Спортинг, а Жута остана уште една сезона, тој дојде во 2015, а замина во 2018 во Коњаспор. На 139 натпревари Жута постигна два гола, додека Ристовски одигра 86 натпревари, постигна два гола и запиша 16 асистенции.