Maнчестер Јунајтед во овие тешки времиња ја покажува својата големина како клуб. „Црвените ѓаволи“ испратија волонтери низ болниците за да помагаат во борбата со коронавирусот.
Добар дел од вработените во клубот волонтираат во Манчестер и помагаат на луѓето кои се во првите редови во борбата против ова зло кое го зафати светот. Признание за работата на докторите сега стигна од големиот Сер Алекс Фергусон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фергусон истакна дека е среќен што сега сите го сфатиле она што тој го искусил пред две години кога докторите му го спасија животот.
„Навистина сум среќен што сега скоро сите препознаа колку се важни луѓето кои работат во болниците. Јас тоа го искусив пред две години, тогаш тие ми го спасија животот. Нашата земја одговори одлично на оваа пандемијата и тоа што голем број Британци се спремни да помогнат и да дадат се од себе ме прави горд“, порача големиот Сер Алекс Фергусон за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.