Дома Фудбал Италија Големи пофалби за Де Геа откако блескаше против Милан: Тој се уште е ѕвер – голман од светска класа!

Големи пофалби за Де Геа откако блескаше против Милан: Тој се уште е ѕвер – голман од светска класа!

Eкипата на Фиорентина славеше победа со 2:1 против Милан, а најголеми заслуги за овој триумф има голманот Давид Де Геа.

Шпанскиот чувар на мрежата бранеше како во најдобрите денови и одбрани два пенали.
Големи пофалби за Де Геа по неговиот настап имаше тренерот на „виолетовите“, Рафаеле Паладини.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Верувајте ми, тој е уште ѕвер. Се уште е голман од светска класа и сите го видовте тоа во овој натпревар. Можеме да видиме зошто е шампион. Треба да сме му благодарни, навистина е пример за сите во тимот“, изјави Паладино.

Де Га во вчерашниот натпревар стана првиот голман по осум години кој одбранил два пенали на еден натпревар. Против Милан од белата точка ги одбрани ударите на Ернандез и Абрахам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бурно е во ФФМ: Си замина еден од најважните луѓе во федерацијата во изминатите години!

На денот на собирот на македонските фудбалери пред натпреварите со Летонија и Ерменија, до…