Семејниот ресторан на Лионел Меси во неговата родна Аргентина нуди бесплатна храна и пијалок за бездомниците.
Од петок ресторанот Росраио ВИП им помага на оние на кои им е потребно топол оброк, а не можат истиот да си го дозволат.
Ресторанот има намера да продолжи со активностите во наредните две недели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На некои од нив им дадовме кафе, безалкохолни пијалоци, па дури и малку вино“, изјави менаџерката на ресторанот Ариел Алмада.
„Многу луѓе дојдоа и беа почитувани. Ова ќе го правиме 15 дена навечер помеѓу 19:00 и 21:00 часот“, додаде Алмада.
Овој проект се очекува да помогне на повеќе од 2000 луѓе во земјата обезбедувајќи им чиста вода и основни потреби.