Дома Македонски спорт Голем потег на поранешниот наш репрезентативец: Дарко Тасевски помогнал Левски да не згасне

Голем потег на поранешниот наш репрезентативец: Дарко Тасевски помогнал Левски да не згасне

Maкедонскиот фудбалер Дарко Тасевски кој во овој момент настапува во Славија откри дека му помогнал на неговиот поранешен клуб Левски.

Левски се соочува со сериозни финансиски проблеми, а Тасевски одлучил да возврати за она што Левски му го пружи додека го носеше дресот на овој клуб од 2007 до 2012 година. Бугарскиот тим се мачи веќе подолго време, а според Тасевски ќе мора да дојде до промена на раководството за работите да тргнат во подобра насока и клубот да се врати на славните патеки.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да, точно е дека му помогнав на Левски, но не сакам да се крева прашина околу тоа. Чудно е што треба да објаснувам дека дадов пари за клубот да не згасне. Кризата во Левски започна годинава и во овој момент не гледам начин клубот да излезе од неа. Во овој момент разликата со Лудогрец каде што има перфкетна организација е голема. На клубот му треба буџет од милион ипол или два. Прво треба клубот да се стабилизира, па да се избори опстанокот, ако нема разултати ќе има и се помалку навивачи“, изјави Тасевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…