Милан против Лацио стигна до победа со гол во последната минута од натпреварот.
Многу брзо, Милан после само 17 минути игра стигна до предност од 2:0. Прво Анте Ребиќ го отвори резултатот во 10. Минута, а седум минути подоцна Хакан Чалханолгу од пенал стрелаше за 2:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лацио во игра се врати десет минути подоцна. Донарума го одбрани пеналот на Имобиле, меѓутоа одбиената топка со глава во мрежата ја смести Луис Алберто.
Во второто полувреме видовме нешто помирна игра и еден гол. Имобиле после еден час игра искористи една асистенција на Милинковиќ Савиќ за изедначување на 2:2.
Милан притисна во финишот, Ребиќ пропушти две одлични прилики, а победата ја донесе Тео Ернандез со гол во 93. минута.
Горан Пандев со Џенова славеше на второто деби на Давиде Балардини на клупата. Џенова беше подобра со 1:2 против Специја. Пандев беше асистент на првиот гол – асистенцијата погледнете ја тука.
Наполи на Елмас одигра 1:1 против Торино. Елмас помина еден час на теренот, во игра влезе во 30. минута на местото Деме. До бод Наполи стигна со голот на Инисње во 93. минута.
Илија Несторовски доби 20-тина минути во поразот на Удинезе од Беневенто (0:2).
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
Рома – Каљари 3:2
Болоња – Аталанта 2:2
Сампдорија – Сасуоло 2:3