Дома Македонски спорт Гол и одлична игра: Чурлинов блескаше во победата на Шалке 🎥

Гол и одлична игра: Чурлинов блескаше во победата на Шалке 🎥

После еден месец надвор од терените Дарко Чурлинов на одличен начин се врати во тимот на Шалке.

Вчера Шалке победи со 4:1 во рамките од 17. коло во Втората Бундеслига, а Чурлинов беше еден од најзаслужните за победата. Чурлинов беше главен „виновник“ за првиот гол откако издрибла неколку противнички играчи и шутираше кон голот. Голманот ја одби топката, но само до Овејан кој ја смести во мрежата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во листата на стрелци Чурлинов се запиша во 85. минута од натпреварот. Со оваа победа Шалке дојде до 29 бодови и третата позиција на табелата со што се вклучува во борба за враќање во германската елита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…